Млад играч на Барса со копачка го згазна местото на Флик, погледнете ја реакцијата на тренерот

976

Младиот фудбалер на Барселона, Тони Фернандез со валкана копачка го згазна местото на кое седи тренерот Ханси Флик. 16-годишниот фудбалер сакал да се прекачи на вториот ред, а тоа го направил по скратена постапка преку седиштето на Флик. Очигледно момчето не знаел чиво е тоа место, па мислел ќе помине неприметно.
Но Флик го примети и му се обрати на Тони со сериозен израз на лицето, а на крајот следуваше смеа меѓу соиграчите на клупата. Тони „пропадна“ во земја од срам. Флик го избриша седиштето и во мир ја следеше победата од 5:1 против Виљареал.

ПретходноПМФЛ: Гостивар ја “скрши“ Шкендија и сега е лидер, киксови на Шкупи и Струга ТЛ, Тиквеш се изнапромаши, без голови во Битола! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: “Лавовите“ пак не победија, Брегалница славеше во Богданци…