Уникатен рекорд: „Пчелите“ бодат во прва минута!

81

На денешниот натпревар против екипата на Вест Хем, фудбалерите на Брентфорд поставија уникатен рекорд кој досега ниту еден тим во историјата на Премиер Лигата го нема остварено.

Имено Брентфорд стана првиот клуб во историјата на Премиер Лигата кој постигнал гол во првата минута на три последователни натпревари. „Пчелите“ постигнаа гол во првата минута на натпреварите против екипите на Манчестер Сити, Тотенхем и Вест Хем. Интересно е што и покрај головите постигнати во почетните моменти од натпреварите, Брентфорд ги загуби и двата меча против Манчестер Сити и Тотенхем.

ПретходноПо две ремија Лајпциг со нова убедлива победа, Ундав го спаси Штутгарт (ВИДЕО)
СледноРекордер – Кол Палмер е првиот фудбалер кој дал четири гола во прво полувреме