Интер Мајами успеа да извлече нерешено 1-1 на домашен терен против Шарлот во 31. коло од регуларниот дел од сезоната на МЛС.
Херој за домаќините повторно беше Лионел Меси, кој го постигна израмнувачкиот гол во 68. минута, откако Карол Швидерски претходно ги доведе гостите во водство во 57. минута. Аргентинецот ја прими топката пред шеснаесетникот и со одличен удар не му остави никаква шанса на противничкиот голман.
Magic from Messi 🪄
(via @MLSes)pic.twitter.com/yQjVmqBbxy
— B/R Football (@brfootball) September 29, 2024
Ова беше трето реми во низа за Интер Мајами, кој, сепак, продолжува да биде убедлив лидер во Источната конференција со 65 бода, 8 повеќе од второпласираниот Колумбус Кру. Шарлот се најде на 7-та позиција на табелата со 42 бода.