Трагедија во Италија: Екс-фудбалер на Каљари пронајден мртов

138

Андреа Капоне, поранешен фудбалер на Каљари е пронајден мртов во хотел во истоимениот град, пренесуваат италијанските медиуми. Капоне е пронајден со повреда на вратот, како што пренесува „Газета дело спорт“, а се претпоставува дека тоа е последица на пад.
Капоне претходната вечер бил на забава со пријатели, а потоа бил пронајден без свест. Итната помош реагирала но востановила дека фудбалерот починал.
Капоне играл за Тревизо, Виченца, Гросето и Салернитана, а најголема трага оставил во Каљари за кој одиграл преку 100 натпревари во периодот од 2000 до 2010 година колку што му траела кариерата.

ПретходноСавовски за „влакно“ не успеа да го освои Суперкупот на Србија
СледноБеќири: Против Вардар е најлесно да ги мотивираш играчите