Симеоне: Прекинот беше одличен за нас, задоволен сум со реми

91
Тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне го оцени ремито на Атлетико со Реал Мадрид (1:1) во Ла Лига како добар резултат за неговата екипа. Дуелот кој имаше многу перипетии и еден подолг прекин поради инцидент кј го направија домашните навивачи, на крајот им донесе бод на домашните. 

„Натпреварот не помина како што очекувавме. Во вториот дел, откако Реал Мадрид постигна гол, одигравме добро. Инцидентот со прекинот на натпреварот се покажа како добар за нас, бидејќи успеавме да се вратиме во игра и одигравме поинаку. Заслуживме нерешено во меч во кој немаше многу острина во шеснаесетникот“, изјави главниот тренер на Атлетико.

„Јорганџиите“ останаа на третото место на табелата со два бода помалку од лутиот градски ривал Реал (М) кој и натаму е зад Барселона на 2. место на табелата.

ПретходноХаотично мадридско дерби – Реал во 95. минута остана без победа на „Метрополитано“ (видео)
СледноНационалната боксерска федерација доби нов претседател