Гризман најави повлекување од репрезентацијата на Франција

54
Антоан Гризман најави повлекување од француската репрезентација. Тој денеска со пост на социјалната мрежа „Х“ потврди дека во иднина нема да настапува за „галските петли“.
„Со срце полно со спомени, го затворам ова поглавје од мојот живот. Ви благодарам за оваа голема авантура“, напиша напаѓачот на Атлетико (М).

33-годишниот Гризман има одиграно 137 натпревари за француската репрезентација и го дели третото место на вечната листа со Оливие Жиру. Антоан постигна 44 гола за националниот тим, со што дојде до 4. место на листата на најдобрите голгетери во дресот на триколорите. 

Со Франција, Гризман го освои Светското првенство во 2018 година.

ПретходноБеќири: Против Вардар е најлесно да ги мотивираш играчите
Следно„Гранде Пандев“ на 5 октомври повторно во дресот на Интер