Бранителот на европската титула Реал Мадрид е поразен на гостувањето кај Лил во второто коло од Лигата на шампионите. „Кралевите“ одиграа слаб меч, па на крајот изгубија со 1:0 (ГОЛОТ ОВДЕ).
На стартот на мечот нешто поактивен беше Реал, а шанси не искористија Винисиус во 6 минута и Ендрик во 19 минута.
Во 45 минута Едуардо Каманвинга играше со рака во казнениот простор, па судијата по прегледување на снимка покажа на белата точка. Сигурен реализатор Џонатан Дејвид. Овој брзоног играч беше најопасен кон голот на европскиот првак како во првото, така и во второто полувреме.
Во наредната акција Ендрик можеше да изедначи но упропасти чиста шанса за реми. Тренерот Карло Анчелоти мораше да го внесе и Мбапе во игра и да ја направи играта уште поофанзивна. Сепак, изедначување не се случи па Реал го доживеа првиот пораз сезоната во ЛШ.
А Баерн неочекувано е поразен на гостувањето кај Астон Вила со 1:0. Вила поведе во 22 минута преку Пау Торес, но тој гол беше поништен поради офсајд после преглед на ВАР снимка. Сепак, Вила стигна до сензационалната победа во 83 минута со гол на Џон Дуран.
А Атлетико по ремито 1:1 во мадридското дерби, доживеа пораз на гостувањето кај Бенфика со 3:0. Португалците поведоа со гол на Керем Актуркоглу во 13 минута, а во 52 минута зголемија со голот на Ди Марија од пенал. На 3:0 зголеми Александер Бах, а на 4:0 другиот турски интернационалец Оркун Когџу.
РЕЗУЛТАТИ
ЏИРОНА – ФЕЕНОРД 2:3
ШАХТЈОР – АТАЛАНТА 0:3
АСТОН ВИЛА – БАЕРН 1:0
БЕНФИКА – АТЛЕТИКО МАДРИД 4:0
ДИНАМО ЗАГРЕБ – МОНАКО 2:2
ЛИЛ – РЕАЛ МАДРИД 1:0
ЛИВЕРПУЛ – БОЛОЊА 2:0
ЛАЈПЦИГ – ЈУВЕНТУС 2:3
ШТУРМ – БРИЖ 0:1