Печатот во Германија не штедеше критики кон ѕвездите на Баерн Минхен откако Баварците синоќа загубија со 0:1 од Астон Вила во Лигата на шампионите. Логично, најмногу критики има против големата ѕвезда на германскиот гигант Хари Кејн, како и Мануел Нојер кој е виновен за голот на Дуран.
Капитенот на Англија ја доби втората најлоша можна оцена од „Билд“ (п.д. – 5 од 6) откако упати само еден удар на натпреварот.
„Кога се врати дома во Англија, остана невидлив. Исто како против Леверкузен“, пишува изданието.
Мануел Нојер беше критикуван и од Билд.
„Каде беше тој? Неговиот ризичен стил на игра беше казнет при постигнувањето на голот. Стоеше предалеку пред неговиот гол“, пишува весникот.
Од критиките не се поштедени и Коман и Алфонсо Дејвис, кои исто така добија незадоволителна оценка.
‘Invisible’ Harry Kane is slammed while Manuel Neuer is asked pivotal three-word question as German press blast Bayern Munich after defeat by Aston Villa https://t.co/VzA5TT12gF
— Mail Sport (@MailSport) October 2, 2024