ФИФА и се закани на Шпанија со одземање на организацијата на СП 2030

72

ФИФА и УЕФА бараат Шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) да ги реши институционалните проблеми до 2025 година, во спротивно европската земја би можела да го загуби правото да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година. Останатите земји кодомаќини не се во опасност.

По поништувањето на изборниот процес од страна на шпанскиот спортски административен суд (ТАД), Високиот спортски совет мора да распише нови избори за да избегне директна интервенција на меѓународните тела.

На 20 септември, ТАД го поништи претседателскиот изборен процес на РФЕФ откако ја прифати жалбата на Мигел Галан, претседател на Националниот центар на фудбалски тренери.

Во пресудата беше наведено дека управното тело на шпанскиот фудбал требало официјално да прогласи разрешување на претходниот претседател на РФЕФ, Педро Роча. Бидејќи тоа не беше ниту направено ниту автоматски по неговото суспендирање, овој услов не беше исполнет.

Во средината на јули, ТАД го дисквалификуваше Педро Роча, кој го замени Луис Рубиалес како претседател.

ПретходноЅвездата на Реал за Јамал: “Тоа што тој го прави е страшно, дури по малку и смешно!“
СледноНетПрес: Дали претседателот на Управен суд и претседателот на ФФМ зеле 100.000 евра мито и го оштетиле државниот буџет за 500.000 евра?