По трагичните настани во БиХ: Одложено е цело коло за викендов во Првата лига! Здравко Мамиќ веднаш реагираше со парична помош!

224

Страшни и трагични информации пристигнуваат во текот на денот од БиХ. Имено во оваа балканска земја се случија големи и страшни поплави во кои животот го загубија десетици граѓани. Јасно е дека кога е така на никого не му е до фудбал, а и поголемиот број на терени и стадиони во оделни градови се поплавени па не може да се играат регуларно натпреварите.

Токму затоа ФС на БиХ одлучи да се одложи цело коло за викендов во елитната лига во таа земја. Ќе се одиграат само два меча во Р. Српска каде што има услови за игра.

Инаку се јави и Здравко Мамиќ, некогашниот газда на Динамо Загреб кој веќе неколку години живее во БиХ од познати причини и кажа дека е скршен од болка и најави парична помош за настраданите во овие поплаи, а започна и акција во која ќе се собираат парични средства за помош на тие што им е најпотребна.

ПретходноФановите на Легија Варшава уште еднаш со фантастична кореографија! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноШто се случува во ПСЖ: Луис Енрике удри и по Донарума!