Кошаркарскиот клуб Куманово со големи амбициии влегува во новата сезона во најсилната кошаркарска лига. Тимот во последните два дена се засили со четворица странски кошаркари. По вчерашните потписи на Урош Луковиќ и на Александар Радукиќ, на кумановската екипа денеска му се приклучија и Американецот Антабрија Волер и Србинот Тадија Тадиќ.
Тадија Тадиќ (роден 22 април 1999 во Белград,Србија) е српски кошаркар кој игра на позицијата плејмејкер. Со репрезентацијата на Република Србија до 18 години има освено златен медал на Европското првенство во 2017 година.
Валер претходно настапуваше за Игокеа од БиХ. Радукиќ е босански кошаркар кој игра на позиција крилен центар. А Луковиќ во минатото играше за МЗТ Скопје и Партизан, а последен клуб му беше Морнар од Бар.