Јокиќ и Дончиќ барале НБА да дојде во Србија или Словенија! Ама тоа тешко да се оствари…

93

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се мега – ѕвезди во НБА. Србинот и Словенцеот важат и за едни од најдобрите кошаркари во светот во овој момент, па така секоја нивна идеја или коментар со внимание се разгледува.

Па така тие барале од раководството на НБА да се организираат мечеви од најсилната лига во Србија и Словенија.

Ама според зборовите на комесарот Адам Сливер тоа тешко е да се оствари:

Никола и Лука прашаа дали може НБА да дојде во Србија или Словенија. Јас би кажал дека тоа е тешко остварливо, бидејќи организација на такви натпревари е тешка и секако дека нема никаква економска смисла зошто се работи за еден меч. Јас ги ценам играчите како Никола и Лука, го ценам ентузијазмот на фановите во тие земји за да се донесе НБА. Сепак ние ќе продолжиме во иднина да работиме за остварување на тие желби“ истакна Сливер.

ПретходноНавивачите на Сити спремиле кореографија од 1200 евра, Гвардиoла рече дека ќе ја плати
СледноКривањева: За мене мечевите со Вардар секогаш се нешто посебно!