Фудбалерот на Комо Марко Курто е суспендирана на меча и тоа поради расизам. ФИФА не простува и затоа и тоа како удри по Италијанецот кој на пријателски меч на 15 јули во жарот на борбата му рекол на Хванг Хи -Чан од Вулверхемптон да не се замислува дека е Џеки Чен.
По овој мечот луѓето од Вулверхемптон упатиле жалба до УЕФА која се оградила поради тоа дека овој меч не бил по нивна надлежност. Во приказната се вмешал ФС на Ј. Кореја и целиот случај го пријавил до ФИФА.
“Фудбалерот Марко Курто е прогласен за одговорен и за дискриминаторно однесување и затоа е казнет со 10 меча забрана за играње. Половина од тие се условни во период од две години. Покрај ова казнетиот фудбалер мора да одработи општествено корисна работа и да посетува часови по едукација“ информираа од ФИФА.