Голем удар за Дон Флорентино: Вирц не доаѓа во Мадрид, во Минхен се смешкаат!

168

Флоријан Вирц (21), еден од најдобрите млади фудбалери во светскиот фудбал, инаку напаѓач на Баер Леверкузен и селекцијата на Германија е желба на Реал Мадрид и Манчестер Сити. Јасно е дека тој во јуни си од “Бај Арената“ иако има договор до 2027 со “фармацевтите“ и кога сите мислеа дека Флорентино Перез веќе го договорил, сепак не оди така лесно, а ова го лиферуваат медиумите во Германија кои велат дека Вирц самиот изразил желба да остане во својата земја, а тоа значи дека во следната сезона ќе игра за Баен Минхен. Тој во неколку наврати кажал дека е голем фан на “баварците“ и дека сака еден ден да игра заедно со неговиот голем пријател Џамал Мусиала.

Исто така се шпекулира дека Баерн Минхен за Вирц ќе му исплати на Баер најмалку 100 милиони евра.

По ова може да дојде до “земјотрес“, а тоа значи да Чаби Алонсо да не се пресели на клупата на Реал Мадрид следното лето. Имено негова задача беше да го наговори Вирц да потпише за “кралевите“. Без Вирц лутиот Дон Флорентино тешко дека ќе му ја даде клупата на Чаби Алонсо.

ПретходноМарко Алчевски: Со победа да ги завршиме квалификациите!
СледноТоа е капитен: „Со нас нека бидат само тие што сакаат да играат за Германија, кој не сака не мора да доаѓа!“