Ова е сендвичот на натпреварите на Вест Хем од 14 евра! (ФОТО)

468

Footy Food е страница на ФБ која се занимава со тоа што од храната се продава и што може да се купи на светските стадиони за време на фудбалските натпревари.

Па така вчера се појави една фотографија од еден сендвич со сланина кој вреди 14 евра (11.50 фунти или 13.68 евра) и кој се продавал на стадионот на Вест Хем за време на последниот меч Ипсвич, кој заврши со триумф на “чеканите“ од 4:1.

Во коментарите имаше разни реакции, но најголем беа дека сендвичот воопшто не вредел за да се дадат толку пари. Сепак најважното го нема, а тоа колку вакви сендвичи биле продадени на фановите на Вест Хем за време на мечот.

Искрено вака на прв поглед навистина ништо специјално…

Претходно„Црвено-црно“ во Европа повторно е во мода! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЃоргиев по победата на Струмица: Првиот чекор е направен, на реваншот ќе одиме од нула