Германскиот весник „Билд“ пишува дека Реал Мадрид покажува сериозен интерес за десниот бек на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг. „Кралевите“ бараат решение за овој дел од тимот, откако Даниел Карвахал заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените околу една година. Негова замена во моментов е ветеранот Лукас Васкез.
Се очекува кралскиот клуб во јануари да купи нов бек, а една од опциите ќе биде репрезентативецот на Холандија. 23-годишниот Фримпонг имаше откупна клаузула во летото вредна 40 милиони евра.