Атлетико Мадрид добива 300 милиони евра: „Ванда Метрополитано“ ќе се вика „Ријад ЕР Метрополитано“!

301

Некој навистина знае како се работи. Имено од 2013 година, од доаѓањето на Диего Симеоне на клупата на “јорганџиите“, Атлетико Мадрид навистина прерасна во гигант. Аргентинецот е платен 30 милиони евра годипшно, тоа е најголема плата од било кој друг тренер во светот на фудбалот, а за возврат овој тим во изминатата деценија беше двапати шампион во Ла Лига и двапати финалист во ЛШ.

Сепак во преден план е бизнисот и парите, а Атлетико Мадрид во последно време важи за клуб кој и тоа како знае да се развива.

Најново е тоа што “јорганџиите“ сега имаат договор со фирма од С. Арабија која му дава 300 милиони евра на девет години на клубот од Мадрид, за возврат стадионот “Ванда Метрополитано“ по ново ќе се нарекува „Ријад ЕР Метрополитано“.

ПретходноЛоши вести за Ливерпул: Алисон во „аут“ најмалку шест недели!
СледноНовак фантастико: Ѓоковиќ го “реши“ Сафиулин и се пласира во 1/4 финалето во Шангај!