Издаден налог за апсење на Слотер, ако биде прогласен за виновен, Реал ќе остане без трофеи

216

Шпанското обвинителство го отвори случајот против Маркус Слотер поради фалсификување на документи, а потег повлече и полицијата. Издаден е налог за апсење на Американецот затоа што користел лажен пасош.

Реал Мадрид во сезоната 2014/15 имал проблеми со странците бидејќи еден бил вишок. Тогаш играле Кампацо, Ајон и Слотер. Третиот пред финалето на Купот на кралот добил пасош на Екваторијална Гвинеја. А играчи од африканските, карипските и пацифичките земји кои се поврзани со трговски договор со Европската Унија, не се странци во шпанското првенство.

Подоцна е утврдено дека документите се фалсификувани, а идентичен имал и Енди Панко од Фуенлабрада. „РАЦ1“ бишува дека доколку центарот роден во Калифорнија биде прогласен за виновен, Реал може да остане без трофеите од Купот и првенството освоени таа сезона.

На Слотер му се заканува и до 16 месеци затвор. Иако Реал Мадрид во целиот случај не се терети, може да сноси последици затоа што имал тројца странци во составот. Случајот се влечеше долго време, а сега е убрзан и наскоро ќе почне судењето.
Ако кошаркарот биде прогласен за виновен и Реал ги загуби титулите, тие ќе одат кај Барселона.

ПретходноПо 147 години: Вимблдон со историска одлука, нема веќе да има линиски судии!
Следно“Не е нормално да европскиот шампион сеуште нема нов договор!“