Шарлот го отпушти Двејн Вашингтон, а тој се враќа во Партизан

64

По два подготвителни натпревари на кои не се истакна, Двејн Вашингтон нема да продолжи во екипата на Шарлот па тој ќе може да си бара нов клуб. Од клубот процениле дека тој не ги задоволува условите да игра за „стршените“ па го отпуштиле.
Вашингтон има два дена да потпише со друг НБА клуб, во спротивно ќе бара нова средина надвор од САД. Можно е тој да потпише нов договор со Партизан и да му се приклучи на тимот во наредните денови.
Инаку тој играше за Партизан, па големи се шансите ако не успее да се пресели во друг НБА клуб да се врати во белградскиот.

ПретходноВерстапен за тоа дали ќе “раскине“ со Ред Бул: Можеби да, можеби не…
СледноМилевски: Притисокот ни дава мотив, верувам во овие момци