Карсли викна дебитанти во националниот тим на Англија

100

Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли ги повика Кертис Џонс од Ливерпул и Тони Ливраменто од Њукасл во националниот тим на Англија за претстојните натпревари од Лигата на нациите. Европските вице-шампиони ќе играат со Грција во четврток и потоа со Финска во недела.
Англија ќе биде без Коби Мејно, Морган Гибс-Вајт и Ензри Конса поради повреди, па Карсли посегна по У21 тимот и ги донесе во А тимот Џонс и Ливраменто.
Ливраменто е бек на Њукасл, а исто така беше во составот на Англија за септемвриските натпревари од ЛН но тогаш беше единствениот кој не доби ниту една минута на теренот. А Џонс кој е играч од средниот ред на Ливерпул е првпат во А тимот.
Инаку Хари Кејн и Џек Грилиш имаат повреди и се под прашалник за настап на претстојните натпревари.

ПретходноРаботнички се прости од ЛШ, сега погледите се кон ЦЕВ Купот
СледноМакедонија У19 ремизираше против Летонија на стартот на евро-квалификациите