Пик Сегед ја запиша третата победа оваа сезона во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај ППД Згагреб славеше со 30-35 в меч од четвртото коло во групата Б. За ППД Загреб ова е трет пораз, има една победа.
Шоштариќ со 10 гола беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Банхиди со пет гола. На другата страна Биалиауски имаше девет погодоци.
Унгарскиот тим некаде после средината на првото полувреме ја превзема контролата на натпреварот по една серија од 6-0, поведе со 8-14, а имаше и позитива од 11-19. На одморот резултатот беше 12-19.
Во второто полувреме хрватскиот состав заигра подобро успеа да намали на минус два 21-23, но тука и застана.. Со нова серија, гостите дојдоа на плус седум 21-31 за мирна завршница.