На нешто повеќе од час и половина пред стартот на мечот во Рига меѓу Летонија и Македонија, во Ц Лигата на Нации, познат е и нашиот стартен состав. Со оглед на тоа дека Димоски е со вирус, Милевски мораше во последен момент да менува.
Па така на голот е Димитриевски, како бекови се Ашковски и Алиоски, во стоперската линија се Манев и Муслиу, во средниот ред тука се Барди, Алими, Бабунски и Атанасов, и во нападот Миовски и Елмас. 










