Македонија со шест боксери замина на ЕП во Бугарија

81

Боксерската репрезентација на Македонија заминува за Бугарија, каде ќе настапи на Европското првенство за боксери до 23 години. Борбите на првенството ќе започнат од 12-ти октомври, а шампионатот ќе заврши на 21 октомври.

Македонската експедиција ја сочинуваат осум члена, шест боксери и двајца тренери,

За македонскиот национален тим ќе настапат:  57 кг Ален Рустемовски, 60 кг Ружди Рустемовски, 63,5 кг Дион Лена, 71 кг Енис Алиу,, 80 кг Арјан Исени, и +92 кг Ардијан Аземи.

Националниот тим ќе го предводат тренерите Мухамед Алија и Арџент Исени.

Пред да заминат за Софија, нашите боксери ги посети новиот претседател на федерацијата Кристијан Андреевски кој ги испрати им посака среќа и добар настап на нашите репрезентативци на ЕП со желба за што поголем успех на македонскиот бокс на шампионатот.

ПретходноАлкалоид по нови бодови во Велес за зацврстување на врвот!
СледноЛига на Нации: “Панцерите“ на гости во Зеница, Чесите ја дочекуваат Албанија!