Летонија си ја “мачкаме“ кога сакаме и каде сакаме! (ВИДЕО)

600

И четврта победа над Летонија во четвртиот меч. Нема што, оваа селекција си ја “мачкаме“ кога сакаме и каде сакаме.

Летонија – Македонија 0:3 вечерва во Рига во меч од 3.коло во Ц Лигата на Нации во групата 4. Тешка победа, но сепак победа си е победа. Иако Македонија не одигра којзнае што, на моменти имавме и големи проблеми, но сепак најважни се новите три бода за Македонија. Кога беше најпотребно ние знаевме да постигнеме голови преку Атанасов, Ќамили и Елмас заслужена победа.

Инаку уште во 4.минута нашиот голман за малку ќе се прославеше, ќе постигнеше гол од 70 метри. Силно дегажираше, топката отиде под пречката на домашните, но домашниот голман, кој во прв момент беше истрчан успеа во последен момент да ја спаси својата мрежа.

Летонците вратија со опасниот шут со глава на Иканаукис, а претходно се закани и Гутковскис кој после поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот. Македонија после 15-20 минута почна да игра, да креира акции, упатуваше и опасни закани. Прво Атанасов, па Барди за малку ќе постигнеше ефектен гол, па пак Атанасов.

ГОООООЛ….ЈАНИ АТАНАСОВ ЗА ВОДСТВО

И тогаш дојде таа 35.минута кога Барди, Елмас и Миовски прекрасно искомбинираа, а Јани Атанасов успеа од 2-3 метри да ја смести топката во празната мрежа на Летонија.

Сепак малку недостигаше во последните секунди од првиот дел да примиме гол и на пауза да се замине со 1:1. Јурскевис пронајде отворен простор, силно шутираше но Столе со фантастична парада го спасува својот гол, за конечни 0:1 по првите 45.минути.

ШАНСИ НА СТАРТОТ НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ, МУСЛИУ СЕ ПОВРЕДИ

Второто полувреме започна со закана на Елмас и со голема шанса за Миовски. Но и Летонија имаше одлична можност пак преку Икауниекс и пак со глава, но за наша среќа не беше прецизен.

Уште еден малер, се повреди Висар Муслиу, еден од нашите клучни играчи во одбраната, па Милевски мораше повторно да менува со тактичките замисли, место него во иогра влезе Костадинов, а Алими отиде во стоперската линија со Манев. Во игра влезе и болниот Димоски место Ашковски.

Следуваа моменти во кои Летонија со сите сили се обидуваше да стори нешто повеќе, да дојде до израмнување. Имаше некои закани, обидите беа повеќе од прекини и нафрлувања пред нашиот гол. Македонија тешко, многу тешко се справуваше со ваквиот начин, а Милевски во овој период ги уфрли во игра и Ќамили, како десен бек, и Милан Ристовски.

Лоша, лоша Македонија. Средниот ред го немаше никаде, нападот посебно, но…..

ГООООЛ…ЌАМИЛИ СО ДЕБИ – ГОЛ ЗА 0:2, ЕЛМАС ЗА 0:3

Така е тоа во фудбалот. Не се важни шансите, не е важна играта туку головите. И кога сите помисливме дека Летонија е блиску од израмнување, 0:2 за нас и тоа со голот на Ќамили.Одличен резултат за нас со оглед на случувањата на теренот.

Сепак 0:2 е супер резултат.

Неколку мигови подоцна можеше да биде и 0:3, но Елмас не успеа да погоди.

Штета.

До крајот иста слика на теренот. Летонија напаѓа, Македонија се брани, но сега со овие 0:2 секако дека беше полесно.

И тогаш во таа 90+2. Елмас со супер гол, 13 -ти за репрезентацијата за конечни 0:3.

На крајот извојувавме и убедлива победа.

По оваа победа сега во недела не чека дуел со Ерменија во Ереван.

СИТЕ ГОЛОВИ / ЛЕТ-МКД 0:3


Ц Лига на Нации, група 4

ЛЕТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:3 (0:1)

Стадион на Сконто во Рига. Судија: Јакоб Сундберг (Данска). Стрелци: Атанасов 35., Ќамили 70., Елмас 90+2. (МАК).

ЛЕТОНИЈА: Матревицс, Јурковскис, Балодис, Тоберс, Јагодинскис (71. Улдрикис), Циганикс, Икауниекс, Савељевс (82, Вапне), Варславанс, Зеленковс (84. Даскевицс), Гутковскис (17. Шитс).

Селектор: Паоло Николато.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Алиоски (65. Ќамили), Манев, Муслиу (54. Костадинов), Ашковски (54. Димоски), Атанасов, Барди, Алими, Дав. Бабунски (65. М. Ристовски), Елмас, Миовски (84. Д. Велковски).

Селектор: Благоја Милевски.

ПретходноЌамили погоди за водство од 2:0 во Рига (ВИДЕО)
СледноОд плус 16 до продолжение и пораз: МЗТ Скопје „падна“ во Загреб