Унгарски Веспрем го совлада романски Динамо Букурешт со огромни 36-24, во првиот од денешните дуели од 4. коло во Лигата на шампионите.
Домашните својата доминација ја покажаа уште во првиот дел кога момците на Чави Пасквал направија 8 гола предност (19:11). Иако Веспрем го започна второто полувреме со играч помалку поради исклучувањето на Патрик Лигетвари, одбраната на тимот остана фантастична, а Динамо немаше посебни шанси за пресврт.
На крајот Динамо целосно се распадна и шест минути не постигна гол. Ремили со 6 и Лангаро со 5 гола беа најефикасни на средбата.
Ракометарите на Висла Плоцк и по ова коло заедно со Фредериција останаа без освоен бод во групата „А“. Полскиот состав беше тесно поразен на гости кај Фухсе Берлин со 25:24.










