Фото на денот: Дијамантот повторно во елемент!

635

Се играше третата минута од судиското продолжение при резултат 0:2 за Македонија во Рига, кога Елиф Елмас, нашиот дијамант, покажа дека не заборавил да дава голови.

Следуваше мајсторија, домашниот голман не ја ни виде топката која заврши во неговиот лев горен агол.

Мајсторски гол на Дијамантот за конечни 0:3.

Ова беше 13-ти гол за Елмас за нашата најдобра репрезентација, во неговиот 63 настап. Па така сега е на 6.место на вечната листа на стрелци за репрезентацијата на Македонија.

Засега пред него се Пандев (35), Трајковски (21), Барди (18), Христов (16) и Шаќири (15).

Секако дека овој гол и тоа како ќе му послужи на Елиф да ја врати самодовербата по се она што му се случува во Лајпциг.

ПретходноИнцидент во Евролигата: Летаа боксови на „турското дерби“ (ВИДЕО)
СледноЛШ: Барса го „здроби“ Алборг, Келце ја доби драмата со Магдебург