Атанасов: Многу важни три бода, среќни сме што изгледаме добро на терен

151

Јани Атанасов во првото полувреме на мечот со Летонија во Рига успеа да го „начне“ противничкиот гол и да ни даде голема самодоверба за продолжението на мечот. Стрелецот на првиот погодок денеска, по средбата ги сподели своите импресии од дуелот.

„Многу важни три бода. Среќни сме што изгледаме добро на терен и што соработуваме како што треба. Тука сме за Македонија, сме покажале дека гинеме за овој дрес. Беше тешка средба, но дадовме се од себе и среќни сме за трите бода, па исто така и во Ерменија одиме на три бода. Ни треба малку одмор, регенрација, па потоа останува да се договориме со селекторот како ќе играме на следната средба. Фокусирани сме за следната средба да дадеме се од себе и да одиме на нови три бода“, изјави Атанасов.

ПретходноМилевски: Задоволен сум, полека градиме физиономија како што треба да изгледа овој тим
СледноОфицијално: Берат Имери е новиот тренер на Беса!