Исник Алими одигра уште еден одличен меч во дресот на Македонија. Во вториот дел по повредата на Муслиу мораше да помогне и на позиција на централен стопер, но како што и самиот изјави по мечот, најважни се бодовите.
„Освоивме три бода и тоа е најбитно. Почнавме добро, прво полувреме дадовме гол, а имавме шанси и за повеќе. Требаше во последните 20 метри да бидеме поконкретни, но најважни се трите бода и трите гола. Не примивме гол, а тоа е многу битно и за голманот и за сите нас. Натпреварот денеска беше многу битен, не како во Фарски кога изгубивме два бода, но денеска со овој резултат одиме во Ерменија со идеја да бидеме цврсти. И таму одиме на три бода“, вели искусниот Алими.










