На натпреварот меѓу Анадолу Ефес и Фенербахче во второто коло од Евролигата се случија и немили сцени, а главни актери беа Елајџа Брајант и Тарик Биберовиќ.
Инцидентот се случи во третата четвртина, кога по нападот на Фенербахче на паркетот завршија Биберовиќ и Брајант. Кошаркарот на Фенербахче побара прекршок од судијата, бидејќи Брајант падна преку неговите нозе. Биберовиќ потоа го фати Брајант за глава, додека Ефес почна да напаѓа, а физичкиот конфликт меѓу двајцата кошаркари продолжи, па сите скокнаа да ги разделат.
По гледањето на видеото, судиите решија да ги исклучат двајцата играчи, па турското дерби продолжи, а на крајот победија кошаркарите на Фенер со 78:83.
Biberovic and Bryant DISQUALIFIED from the Turkish derby #EuroLeague pic.twitter.com/E8nvwtx6i5
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) October 10, 2024










