ЛШ: Барса го „здроби“ Алборг, Келце ја доби драмата со Магдебург

88

Ракометарите на Барселона ја продолжија победничката низа во Лигата на шампионите, откако вечерва во 4. коло славеа убедливо на домашен терен против дански Алборг со 35:27. Ова беше четврта победа за Каталонците и втор пораз за данскиот претставник.

Барселона одигра солидно прво полувреме кое на крајот го затвори со три гола предност (16:13), а се чини дека гостите во вториот дел паднаа уште повеќе во темпото, па Барселона лесно и убедливо го приведе мечот до победа. Гомез и Фраде со по 5 гола беа предводници на листата на стрелците кај Барселона.

Келце во драматична завршница славеше на гостувањето кај Магдебург со 26:27. Со оваа победа, Полјаците му го нанесоа вториот пораз на европскиот шампион. Со 7 постигнати гола Дујшебајев беше лидер кај гостите во победата.

Нант, пак, имаше само еден полесен тренинг против Колштад. Францускиот тим го прфегази норвешкиот состав со 44:27. Мине и Одриозола со по 6 гола беа најефикасни во втората победа на Французите во групата.

ПретходноФото на денот: Дијамантот повторно во елемент!
СледноЛН: Ерменија се спаси од пораз, Грција ја шокираше Англија (ВИДЕО)