Мбапе верува дека му должи на Реал

98
Фото: FC Real Madrid/Twitter

Сезоната не започна на посакуваниот и очекуван начин за новото ѕвездено купување на Реал Мадрид – Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач има 7 гола и 1 асистенција во сите натпреварувања, но дефинитивно не воодушеви со својата игра.

Самиот Мбапе верува дека му должи на Реал, пишува шпанскиот весник „Марка“. Тоа беше причината зад неговата одлука да ги пропушти натпреварите од Лигата на нации на Франција, а не толку повредата што ја негуваше неодамна.

Килијан Мбапе одлучи да спроведе мини претсезонски тренинг за да го даде својот максимум во следните натпревари на „кралевите“. Реал Мадрид има средби со Селта, Борусија Дортмунд, Барселона, Валенсија и Милан.

ПретходноСептември беше месец на Наполи: Квича и Конте ги „лапнаа“ наградите во Серија А
СледноМеси со критики по ремито со Венецуела: Теренот беше ужасен (ВИДЕО)