Меси со критики по ремито со Венецуела: Теренот беше ужасен (ВИДЕО)

190

Големата ѕвезда на селекцијата на Аргентина – Лионел Меси, зборуваше по ремито на светските шампиони 1:1 против селекцијата на Венецуела од 9. коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Тој ги критикуваше „гаучосите“, но и организаторите на натпреварот од Венецуела.

„Тоа беше одвратен натпревар. Не успеавме да направиме ни две додавања во низа, топката застана поради вода на теренот. Тешко е да се игра во овие услови“, изјави Меси.

Николас Отаменди донесе водство за Аргентина во 13.минута, а израмни Саломон Рондон во 65.минута.

И покрај ремито Аргентина остана лидер на табелата со 19 бода, три повече од Колумбија која беше поразена од Боливија со 1-0.

До четврта победа дојде Бразил, откако го победи тимот на Чиле со 1-2. Со овие бодови Бразилците се најдоа на четвртото место со 13 бода, два помалку од Уругвај.

Чиле поведе со раниот гол во втората минута на Едуардо Варгас. Игор да Круз во првата минута од продолжението израмни на 1-1, додека победничкиот гол за Бразил го постигна Луис Енрике во 89. минута. .

Еквадор и Парагвај ремизираа без голови.

ПретходноМбапе верува дека му должи на Реал
СледноХаланд урна рекорд во Словенија, па ги изненади своите соиграчи!