Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер ја одбил понудата да ја преземе селекторската функција на репрезентацијата на Данска.
Според „Типсбладет“, данскиот фудбалски сојуз доставил понуда до Солскјер, но истата била одбиена. Се истакнува дека Норвежанецот е во преговори за работа во врвен клуб, чие име се уште не е откриено.
Солскјер е невработен од ноември 2021 година. Последен клуб на 51-годишниот специјалист беше англискиот Манчестер Јунајтед. Норвежанецот ги предводеше „црвените ѓаволи“ од декември 2018. Пред тоа Оле Гунар Солскјаер работеше и во Молде и Кардиф.
Самиот Солскјер неодамна призна дека ќе се врати во Јунајтед доколку добие понуда.