Како што нагласува германското издание TZ, Јирген Клоп ушт пред две години се согласил да биде глобален менаџер на сите фудбалски клубово на Ред Бул. Оваа вест или шпекулација, уште повеќе ја “зовре“ фудбалската јавност во Германија, која не гледа баш со воодушевување за тоа дека Клоп ја прифати понудата на една од најголемите компании во светот.
Како што се нагласува, Јирген Клоп уште во септември 2022 година имал средба со Дитрих Матешиц, еден од основачите на Ред Бул.
Австрискиот милијардер, кој потоа почина, уште тогаш го убедил тогашниот менаџер на Ливерпул, да ја презема оваа функција. ПО 15 месеци по тој состанок, Јирген Клоп објавува дека на крајот од сезоната тој го напушта „Енфилд“.
Дека имало договор уште тогаш, веројатно потврда се зборовите на главниот советник на Ф1 Ред Бул, Хелмут Марко:
“Неверојатно е како таква зделка може да е тајна долго време. Во светот на Формула 1 тоа е невозможно“.