Нотингем ќе плати скоро 1 милион евра поради критики кон судијата Тејлор

96

Англиската фудбалска асоцијација го казни Нотингем Форест со 750.000 фунти поради критикување на судиите на социјалните мрежи.

По натпреварот од 34. коло од Премиер лигата минатата сезона, кога Нотингем Форест загуби од Евертон со 0:2, на социјалните мрежи на клубот имаше порака за наводно недосудени три пенали од судискиот тим предводен од Ентони Тејлор.

Во коментарите ФА видела и индикација дека судијата од ВАР бил пристрасен како навивач на Лутон. Според Фудбалската асоцијација на Англија, независната регулаторна комисија одржала расправа и утврдила дека однесувањето на Нотингем е незаконско и затоа одредила казна.

ПретходноАнтонио Касано: Ако си фудбалер и ги потрошиш сите пари – ТИ СИ ИДИОТ!
СледноРепрезентацијата попладнево пристигна во Ереван (ФОТО)