Француската јавноста е бесна на Килијан Мбапе

120

Килијан Мбапе е виден пред ноќен клуб во Шведска истата вечер во која француската репрезентација го совлада Израел со 4:1 во Лигата на нации без него во составот. Француската јавност е бесна, а медиумите пишуваат како е можно тој да биде подготвен за настапите на Реал Мадрид, но не и за репрезентацијата.

Тој го пропушти дербито во Мадрид поради повреда на тетивата, но настапи на следните натпревари против Виљареал во Ла Лига и Лил во Лигата на шампионите. Тој и пред тие настапи го откажа репрезентативниот собир со образложение дека поради повреда нема да може да игра против Израел и Белгија.

„Л’Екип“ пишува дека излегувањето на Мбапе во Стокхолм на денот на натпреварот на националниот тим е „симболична секвенца што укажува на лоша комуникација, но која е толку вообичаена во животот на еден фудбалер“.

Посебен проблем е што Мбапе е капитен на репрезентацијата, па на неговиот потег се гледа со зголемена доза на критики. Брилијантниот напаѓач моментално е трет стрелец во историјата на француската репрезентација со 48 гола на 86 натпревари. Само Оливие Жиру (57 во 137 натпревари) и Тиери Анри (51 на 123 натпревари) постигнаа повеќе.

ПретходноЛошата серија на Уругвај продолжи и во Лима
СледноТренерот на Париз со комплименти: Шортс е ѕвер на теренот!