Федерер вели дека времето на Новак Ѓоковиќ и „старата гарда“ заврши!

1043

Роџер Федерер е уште еден од оние кои го потценија Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер оваа сезона го освои последното големо нешто во тенисот што му недостига, олимпиското злато, но според мислењето на неговиот голем ривал полека ја напушта сцената. Федерер зборуваше за смената на генерациите во тенисот и откако ги наброја оние кои се пензионираа, го спомена и Новак.

„Можете да го почувствувате менувањето на старата „гарда“. Серена Вилијамс се пензионира, Енди Мареј се пензионира, Рафа е се поблиску. Новак очигледно има тешка година, но победи на Олимпијадата и го направи она што отсекогаш сакаше да го направи, го освои тоа олимписко злато. Тоа беше неверојатно“, рече Роџер Федерер.

Новак моментално е во Шангај, каде во 13:00 часот треба да одигра меч со Тејлор Фриц во полуфиналето на Мастерсот, но Федерер е многу повеќе импресиониран од помладите тенисери. Тој особено го пофали Карлос Алкараз, кој се појави за него на Лејвер купот.

„Искрено фактот што Синер и Алкараз земаа по два грен-слема покажува дека овој бран на промени навистина доаѓа. Кога го видов Алкараз во живо на Лејвер купот во Берлин бев многу импресиониран, тој е одличен тенисер и мислам дека многу луѓе ќе се забавуваат гледајќи го како игра и во иднина“, изјави поранешниот светски тенисер број еден.

ПретходноБарселона нема да добие половина милион долари од Зенит!
СледноТринкиери: Везенков ќе ги погледне судиите и добива слободни фрлања, да најдам мост да се фрлам!