Милевски: Ова е меч кој одлучува за првото место, никако нема да ги потцениме

133

Во пресрет на утрешниот натпревар од Лигата на нации против селекцијата на Ерменија, на денешната прес-конференција во Ереван, селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски, ја потенцираше важноста на средбата.

„Кажав и претходно дека натпреварите меѓу Ерменија и Македонија ќе решаваат за првото место во групата. Сѐ уште стојам зад таа моја изјава.  Имаме високо мислење за квалитетот на ерменскиот тим и се подготвуваме за утрешниот важен дуел. Атмосферата во селекцијата е на високо ниво, а јас секогаш верувам во моите играчи. Нѐ очекува квалитетен противник кој некако ни е судбина за вакви важни натпревари. Целата подготовка е насочена кон Ерменија и како треба да изгледаме на терен. Не сакаме да мислиме на комбинации, за тоа ќе размислуваме во ноември. Секој натпревар не наликува на претходниот и следниот. Утрешниот ќе биде поинаков од тој пред три години, а и од последниот минатиот месец. Kвалитетни се и нема да ги потцениме“, изјави Милевски.

Тој пред новинарите се осврна и на повредата на дефанзивецот Муслиу.

„Висар Муслиу се чувствува многу подобро, но допрва ќе видиме дали ќе биде подготвен да настапи. Се надевам дека сите фудбалери ќе бидат подготвени да играат на утрешниот меч“.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Хуго Виана е нов спортски директор на Манчестер Сити
СледноДимитриевски: Нека биде минимална победа, само да останеме први