Поради новонастанатата состојба со ширењето на Ковид-19 вирусот, Владата најави дека од 15 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза при влез на стадионите и салите на сите спортски настани кои ќе се организираат во нашата земја.
Според информацијата, клубовите и организаторите се задолжуваат да обезбедат задолжителна редарска служба заради контрола на приложувањето доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во спортските објекти (сали и стадиони).