Брутална доминација на Американките: Седмо злато во низа на Олимписките игри

188

Женската кошаркарска репрезентација на Америка го освои седмото злато во низа на Олимписките игри. Во финалето САД беше подобар од домаќинот на овие Игри Јапонија, славеше со убедливи 90-75.

Ова беше меч во кој Американките доминираа во сите три четвртини, не дозволија да има изненадување и на ова финале. Тие стигнаа до 55. победа во низа, а Сју Бирд и Дијана Таураси влегоа во историјата, освоија пет рекордни олимписки златни медали.

Бронзениот медал и припадна на Франција, која ја совлада Србија со 91-76. На овој начин и се одмазди за поразот во Рио 2016 исто во битката за третото место.

ПретходноМајами донесе засилување од шампионот Милвоки
СледноОИ ОДОБЈКА: Американките убедливо до првиот златен медал преку Бразил