Гвардиола одговори на прашањето дали ќе биде селектор на Англија

82

Дел од англиските медиуми објавија дека по завршувањето на тековната сезона тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе ја преземе функцијата селектор на англиската репрезентација.

“Дали ќе го напуштам Манчестер Сити на крајот на сезоната? Се уште не сум се одлучил за тоа. Мојата иднина е отворена и немам точни одговори. Се е можно во фудбалот, но ако можам да кажам од сегашниот агол нема да бидам следниот селектор на Англија“, изјави 53-годишниот Гвардиола, со години еден од најдобрите светски стручњаци.

По завршувањето на Европското првенство, на кое Англија беше поразена во финалето од Шпанија, Герет Саутгејт поднесе оставка на селекторската функција. Него го замени Ли Карсли, но тој се уште ја пополнува улогата на привремен тренер, а ФА се обидува да најде подолгорочно решение со Томас Тухел.

Англија минатата сезона испадна од елитната Лига на нации, а оваа сезона игра во Лига Б. По четири кола се на второто место во својата група со девет бода. Грција има уште три или максимални 12 бода.

Гвардиола е тренер на Манчестер Сити од 2016 година, а покрај доминацијата во англискиот фудбал, пред две сезони на клубот му ја донесе и премиерната титула освојувач на Лигата на шампионите. Претходно работеше во Барселона и Баерн.

ПретходноЛН: Хрватите преку Варшава за пробив од групата и статус носител во ждрепката
СледноПорази на стартот за Ѓорческа и Стоилковска на фјучрс турнирите