Менди: Добив нефер третман од Сити, а тројца соиграчи ми помогнаа кога ми беше најтешко

343

Поранешниот бек на Манчестер Сити, Бенжамин Менди имаше неколку обвиненија за силување и на крајот сите тужби беа отфрлени, па иако судскиот процес заврши во негова полза, штетата која му се нанесе на фудбалерот е непоправлива. Неговата кариера отиде во надопна линија по што се труди да се врати во ритам.
Менди моментално игра за Лориен во Втората француска лига. Во интервју одлучи да си ја отвори душата.
Тој откри дека организирал секс забави во својот дом во Манчестер, а на истите присуствувале и неколку играчи на Сити.
Неколку играчи на Манчестер Сити од првиот тим, вклучувајќи го и капитенот, беа дел од забавите кои ги организирав јас во својот дом. Немаше ниту еден доказ дека некој намерно бил присилуван на нешто. Сите пиевме алкохол, а повремено имавме и односи со девојки. Сите ги прекршувавме протоколите за Ковид 19 во тоа време.

Не сум горд на тоа, не сакам да се оправдам за моето однесување, но мислам дека бев нефер третиран од Манчестер Сити. Ме издвоија од групата и ме третираа поединечно. Разликата меѓу мене и останатите играчи на Сити беше тоа што јас бев лажно обвинет и јавно понижен во јавноста“, изјави Менди.

Французинот беше суспендиран додека траеше судскиот процес, а потоа го исфрли од клубот и не му ја исплати платата во периодот на суспензија.
Се мачев со исплата на алиментација поради тоа што од Сити ми ги сопреа платата. Тоа беше страшен период. Рахим Стерлинг, Бернардо Силва и Ријад Марез ми позајмуваа пари и ми помагаа да ги платам моите правни трошоци и да го издржувам моето семејство“, додаде Французинот.

ПретходноКалафиори ја посочи слабоста на Италија во моментов
СледноТомас Тухел се враќа и тоа како селектор на Англија!?