Пораз за крај во квалифкациите за ЕП 2025 за У-21 Македонија и тоа во Кутаиси вечерва од Грузија со 2:1. Да, Македонија поведе со прекрасниот гол на Исаки во 53.минита, домашните вратија за кусо со два гола за 2:1, но генерално уште едно лошо, да не кажеме очајно за селекцијата на Драган Канатларовски. Да, Македонија во финишот се закани, имаше и две шанси за израмнување, но ако на нашиот гол не беше одличниот Алчевски, посебно во првиот дел, јасно е дека Македонија ќе доживееше вистинска катастрофа на стаднионот “Рамаз Шенгелија“ во Кутаиси. Само да се погледне статистиката и ударите кон нашиот гол тогаш се е јасно. На моменти У-21 Македонија беше далеку под своето ниво.
Па така Македонија на крајот во овие квалификации завршивме на 4.место во групата Ц што секако дека е голем неуспех, зарем уште треба да му се верува на Канатларовски. Ова за него беше 15 пораз во 33 меч како селектор на У-21 Македонија.
Зарем ова не е доволно за негова смена?
У-21 Квалификации за ЕП 2025, група – Ц
ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:1 (0:0)
Стадион “Рамаз Шенгелија“ во Кутаиси. Стрелци: Гордезиани 61.,Лоинадзе (ГРУ), Исаки 53. (МАК).
ГРУЗИЈА: Караташвили, Маисурадзе, Квадаџиани, Угрекелидзе, Азарови, Ганидзе, Ломинадзе, Мамагешвили (54. Гордезиани), Одишариа, Абуашвили, Квернадзе.
МАКЕДОНИЈА: Алчевски, Деспотовски, Исаки, Златков (90. Тодоровски), Хамзиќ, Рамадани, Фета, Рамани (68. Ангелов), Николов, Крстевски (68. Камбери), Адеми (46. Трпчевски).
ГРУПА – Ц
КОНЕЧНА ТАБЕЛА
1.Холандија 30
2.Грузија 19
3.Шведска 17
4.Македонија 12
5.Молдвија 7
6.Гибралтар 3