Минатата недела Рафаел Надал го официјализираше крајот на својата ѕвездена кариера со настап на Дејвис купот од 19 до 24 ноември во Малага и, се чини, тоа ќе се случи на теренот на првиот ден од четвртфиналниот меч со Холандија.
Билетите одамна пламнаа, а најевтиниот за да се проследи тоа задоволство да се гледа последниот настап на шпанската тениска и спортска легенда чинеше 2000 евра. Интересно, ВИП билетите за овој настан се продадоа по цена од 141.000 евра!
Надал е сопственик на 22 Грен слем турнири, олимписко злато во Пекинг во 2008 година и 36 мастерс трофеи.