Најголемата ѕвезда во американскиот кошаркарски тим на ЛОИ во Токио, Кевин Дурант е прогласен за најкорисен играч на машкиот олимписки турнир.
32-годишниот кошаркар му помогна на американскиот тим да освои злато четврти последоватен пат на летните Игри.
Во Јапонија, Дурант имаше просек од 20,7 поени, 5,3 скокови и 3,7 асистенции по натпревар. Во финалето против Франција (87:82), Кевин постигна 29 поени, и го држи рекордот по бројот на реализирани поени во натпреварите за олимписко злато.
Во изборот на најдобрата петорка на кошаркарскиот олимписки турнир, покрај ѕвездата на Бруклин Нетс, место имаше и за Лука Дончиќ (Словенија), Гобер (Франција), Рубио (Шпаниај) и Милс (Австралија).










