Премиер лига: Јунајтед победи за мир во куќа, луд пресврт на Лестер

125

Манчестер Јунајтед го совлада Брентфорд со 2:1 на домашен терен во 8 коло на Премиер лигата и тоа со голови во второто полувреме. Првиот дел му припадна на Брентфорд кој водеше со гол на Пинок во судиското продолжение на првото полувреме.
На стартот на вториот дел Гарначо го изедначи резултатот, а во 62 минута Хојлунд донесе предност на Јунајтед што беше и конечен резултат на мечот.

А Њукасл изгуби на свој терен од Брајтон со 1:0. Голот го постигна Велбек во 35 минута после еден брз контра напад. Велбек во 80 минута се повреди и беше изнесен на носилки.

Лестер губеше со 2:0 на гостувањето кај Саутемптон, а на крајот победи со 3:2.
Саутемптон поведе со 2:0 во првото полувреме и ја имаше предноста до 65 минута, а потоа таа се стопи. Буонаноте намали, Варди од пенал изедначи, а во судиското продолжение на мечот Џордан Ајев ја обезбеди победата.

На другите мечеви: Фулам – Астон Вила 1:3, Ипсвич – Евертон 0:2.

ПретходноСериозна повреда на Велбек – падна на грб и беше изнесен на носилки
СледноФеникс како гостин го победи Вардар!