Прекин на дербито во „Кале“: Официјалните лица и екипите се повлекоа од теренот

1701

Голема штета. Вечното дерби само што почна мораше да биде прекинато. Причината се навивачите на гостинскиот тим кои фрлија хартиени ленти на теренот кон „Сити Парк Бојс“, по што и домашните фанови вратија со неколку петарди. Ова беше доволна причина за да кошаркарите на МЗТ Скопје веднаш се повлечат од теренот, додека по нив и официјалните лица. Истото го сторија и кошаркарите на Работнички.

До овој момент, поточно на 8:47 до крајот на втората четвртина, МЗТ Скопје има убедлива предност од 13-30. Првата четвртина ја доби со 8-28. Токму ваквиот расплет е причина за ова недолично однесување.

На теренот мораше да интервенира и полицијата, а навивачите не се смируваат постојано пуштаат петарди на теренот. Работнички и МЗТ Скопје ќе платат голема казна на име на нивните неспортски дела.

ПретходноФеникс како гостин го победи Вардар!
Следно“Ви гарантирам, во Мадрид веќе се каат што го донесоа Мбапе“!