А требаше да биде дерби. Сепак Баерн на мечот со Штутгарт ја покажа сета своја класа, посебно Хари Кејн кој постигна хет – трик и со 4:0 успеа да победи и да освои големи три бода во битката за титулата.
Англичанецот стрелаше во 57., 60. и 80.минута и му донесе водство на својот тим од 3:0. Точка на мечот и убедливата победа од 4:0 стави Коман во 89.минута.
Со овие три бода сега “баварците“ имаат 17 бода по 7.коло и се заедно на врвот на табелата со тимот на Елиф Елмас, Лајпциг. Шампинот Леверкузен има три помалку.