Специјален подарок: Рафа си доби златен рекет! (ВИДЕО)

190

Рафа Надал објави дека заминува во пензија. Се очекува да одигра наскоро уште некој мел во Дејвис купот за Шпанија и тоа е тоа. Рафа вчера го имапе последниот меч против Новак Ѓоковиќ, со тоа стави крај на една тениска ера што се вели. Две децении Шпанецот беше еден од најдобрите, во одредени периоди и најдобар во светот.

Со 22 освоени грен – слема е втор зад Новак Ѓоковиќ.

Неговиот придонес во светот на тенисот и во светот на спортот организаторот на егзибицискиот турнир во Ријад и тоа како знаеше да го почитува. Па така по мечот со Новак, Рафа си доби специјален подарок и тоа златен рекет.

Прво беше донесена една кутија, ретко кој можеше да претпостави што има во неа, за да кога беше отворена се виде дека во неа има златен рекет.

ПретходноЗакариќ пред дуелот со Беса: Ако Вардар го даде својот максимум тогаш резултатот нема да изостане!
СледноПМФЛ: Лидерот го “мерка“ и Гостивар, шампионот го дочекува Силекс, под Исарот играат Тиквеш и Шкендија!