Лука Модриќ и дефинитивно е легенда на Реал Мадрид. Вчера стана највозрасен играч кој играл за “кралевите“ а се знае дека во моментов е најтрофеен во историјата на овој клуб од Мадрид.
Сега секој негов збор, секој потег се уважуваат како да е фудбалски Бог и со право. Токму поради неговата магична асистенција вчера во Виго, Реал успеа да победи по голот за 1:2 на Винисиус.
Сепак не било се така идеално кога во 2012 година дојде на „Санријаго Бернабеу“.
Имено поискусните играчи на Реал постојано го исмејувале во соблекувалната и на тренинзите. Роналдо, Касиљас, Рамос, најмногу Карваљо и сопоигрувале со него, го нарекувале “пони“ поради неговиот низок стас и робусни нозе.
Сепак Хрватот се тоа го издржал и еве сеге е жива икона на најголемиот клуб во светот.